Канческа-Милевска: Саат Кулата во Гостивар сега е вистински симбол на градот
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска работно ги прошета Гостивар и Кучево.
- Со конзервацијата и реставрацијата на Саат Кулата, Гостивар доби вистински симол на градот, кој ќе биде атрактивен и ќе привлекува туристи, нагласи министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска по обиколката на објектот кој е изграден во 17 век.
Министерката потсети дека овој проект е дел програмата на Владата и Министерството да се заштитат културно-историските споменици во Република Македонија. - Задоволна сум од сработеното и она што го видов како од ентериерното, така и на надворешното уредување. Вредеше да се искачат и стрмните скали до врвот на кулата. Се надевам дека од таа глетка ќе бидат задоволни и туристите, кои отсега ќе имаат можност и одвнатре да го видат овој културно историски споменик, рече Канчевска-Милевска.
Канческа-Милевска оствари средба со градоначалникот Невзат Бејта на која било разговарано за натамошната соработка, со заедничка оценка дека досега таа била на виско ниво.