Се намалува бројот на жалби по јавните набавки

 

Бројот на жалби по јавните набавки минатата година е намален во споредба со изминатите години, покажува годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Претседателката на Комисијата Маја Малахова на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет информира дека минатата година постапиле по 561 жалба што е намалување во однос на 2011 година кога имало 690 жалби или во споредба со 2010 година кога Комисијата постапила по 868 жалбени предмети.

- Според податоците добиени од Бирото за јавни набавки, минатата година биле објавени 11.689 огласи за јавни набавки. Од нив жалбени предмети биле 561 или само во 4,80 проценти биле обжалени предметите објавени како јавни набавки, рече Малахова.

Бројот на одбиени жалби, како што оцени Малахова, се намалува во поглед на бројот на уважени жалби и најмногу се користи отворената постапка, а најмалку постапката со преговарање без објавување на оглас.  

 

најчитано сега