Прилепско: Исчезнал пред 6 месеци - вчера го пронајдоа мртов
Пред шест месеци го пријавиле како исчезнат, вчера го пронајдоа мртов. Полицијата го утврди идентитеот на мажот чие тело во фаза на распаѓање беше пронајдено во атарот на прилепското село Бешиште.
Станува збор за 70-годишниот Цветко Петревски од прилепското село Полчиште кој на 10 април бил пријавен за исчезнат.
Се уште нема инормации во какви околности настапила смртта
31.10.2013 - 10:23