Ивановски во работна посета на Лондон
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска и утре ќе учествува на Самитот за отворено владино партнерство во Лондон.
На собирот ќе присуствуваат високи владини претставници, експерти и активисти од граѓанското општество, бизнис лидери и претставници на меѓународни организации како Светска банка, Организацијата за економска соработка и развој, УНДП и Интер-американската банка за развој.
31.10.2013 - 09:44