Покачено нивото на Вардар - поплавени неколку куќи во тетовско

 

Нивото на реката Вардар се зголеми поради вчерашните поројни дождови и поплави  неколку стотици хектари обработливо земјиште, а навлезена е и во 15-ина куќи.

Состојбата се повеќе се комплицира зашто водата се уште надоаѓа, вели претседателот на месната заедница Радинце, Кирко Мацевски, а тоа го потврдија и жителите.

Во село Радиовце, општина Брвеница, Боговињска река досега поплави 300 хектари пченка, пченица и градинарски култури, како и подруми на 20-ина куќи. Револтирани поради тоа што овие состојби траат околу две недели, жителите на Радиовце денеска го блокираа локалниот пат Жеровјане - Радиовце од 9 до 12 часот и најавија дека блокадите ќе траат се додека не се изнајде решение за овој проблем.

ФОТО:Сител 

 

најчитано сега