Средба Заев-Ховит: Политичкиот дијалог да се продлабочи

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и известувачот на Европскиот Парламент за Македонија, Ричард Ховит денеска на средба што се одржа во седиштето на СДСМ  во Скопје разговараа за напредокот на Македонија во евроинтеграцискиот процес.

- Се разговараше за позициите на Македонија при што беше акцентирана важноста на периодот што следи, до престојниот Самит на ЕУ во декември. Известувачот Ховит пренесе дека решавањето на клучните прашања за напредок кон Унијата во овој период би биле од исклучителна важност за конечно приближување на земјата кон ЕУ, соопшти по средбата СДСМ.

Заев и Ховит го нагласиле значењето на политичкиот дијалог и изразиле очекување тој да се продлабочи, особено околу клучните прашања што се во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани. 

Заев, според соопштението,го акцентирал придонесот на СДСМ во деблокирање на политичкиот дијалог и го повторил ставот дека СДСМ и понатаму ќе биде посветен на прашањата кои се важни за напредокот на земјата.

- Известувачот на Европскиот Парламент рече дека во земјите на Унијата постои загриженост околу слободата на изразувањето, медиумите, и состојбите во судството во Република Македонија. Во таа насока тој додаде дека европските институции одблиску ги следат состојбите во Република Македонија, особено во овие сфери, се вели во соопштението

29.10.2013 - 12:42

најчитано сега