Сарачини на работни средби во Хрватска
Министерот за економија Ваљон Сарачини кој е во посета на Република Хрватска, денеска во Славонски Брод и Осиек, ќе има работни средби во компаниите „Ѓуро Ѓаковиќ Холдинг“ и „Сапонија Осиек“.
Предвидено е министерот Сарачини да оствари средби и со претставници на други компании од Осиек и Славонски Брод, како и со градоначалникот на Осиек, Иван Вркиќ, информираат од министерството за економија.
29.10.2013 - 08:16