Рашче: Украдени компјутер и фото-проектор од училиште за време на велигденските празници

 

Вчера во 8 часот и 35 минути во полициската станица во Ѓорче Петров е пријавено дека во основното училиште Дрита во селото Рашче е извршена тешка кражба за време на велигденските празници.

Кражбата била извршена на тој начин што непознат сторител со употреба на погоден предмет и физичка сила влегол во канцеларијата на педагогот и  одзел компјутер и фото-проектор.

Со тоа крадецот се стекнал со 35.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

најчитано сега