Крива Паланка: Поради јаболка со рачка од секира ја натепал мајка си

 

Со рачка од секира ја натепал својата мајка. Семејно насилство ги вознемири жителите на кривопаланечкото село Луке. Како што инофмира полицијата, инцидентот се случил на 6 октомври околу 14 часот, а следел по расправија за банална причина, односно, околу собирањето на јаболката. 
54 годишниот Б.А. со рачката од секирата удрил по својата мајка при што и нанел тешки телесни повреди во пределот на раката. 

Полицијата информира дека поднела кривична пријава.

28.10.2013 - 12:36

најчитано сега