Денеска седници на три собраниски комисии

 

Денеска во Собранието на Република Македонија седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и за транспорт, врски и екологија.

Комисијата за финансирање и буџет ќе го разгледа Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2012 година.

 Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледа Предлог-законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност, во прво читање како и извештаите за работата на Советот на јавните обвинители, на Агенцијата за администрација, на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Државната комисија за одлучување во управната постапка и постапка од работен однос во втор степен и годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2012 година.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледува Предлог-законот за дополнување на Законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата, како и  Предлог - Одлуката за одобрување на Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година, Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти 2012 година,  Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2012 година, Извештај за работата на Советот за радиодифузија на Република Македонија за периодот од 1.1.2012-31.12.2012 година и Финансискиот план на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2013. 

најчитано сега