Одбележување на 8 мај - Светскиот ден на Црвениот крст

 

Денеска со низа активности ќе биде одбележан 8 мај - Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина ќе биде под мотото „150 години хуманитарна акција“ .

Во рамките на одбележувањето ќе бидат доделени благодарници на крводарители со над 100 крводарување од територијата на град Скопје и ќе биде организиран семинар за мотиватори-крводарители од различни националности со цел подигнување на свеста за важноста на чинот за дарување на крв.

Исто така, ќе бидат дистрибуирани 100 пакети за ранливо население кои се донација од Рамстор.

ФОТО:Денешен