Не издржаа: Починаа таткото и синот кои се затруја со печурки во Тетово
Вчера попладне на Токсикологија починаа таткото и синот од осумчленото тетовско семејство кое јадело отровни печурки. Не ја издржаа тешката битка со отровот од печурките. Црниот дроб сериозно им бил оштетен дознава zdravstvo24.mk од извори од Клиниката за Токсикологија.
Таткото и синот на скопските клиники 6 дена се бореа за живот. Од Токсикологија велат дека направиле се, но пациентите не реагирале на ниту една терапија. Останатите 6 лица од поширокото семејство од Тетово мегу кои и пет месечното бебе успешно закрепнуваат. Семејството во неделата јадело една од најотровните печурки Аманита вироса слична на шампињоните.
27.10.2013 - 13:19