Ќе убиеле двајца полицајци за да не ја намалат музиката - крвава драма го потресе Охрид
Вистински хаос вчера настанал на улицата „Даме Груев“ во Охрид. Како што информираат од полицијата, двајца полициски службеници биле нападнати со секира, откако отишле да интервенираат поради гласна музика во куќа на улицата.
Според информациите од охридската полиција, полицајците биле повикани од граѓани поради прегласна музика во една од куќите на “Даме Груев“. Кога пристигнале да интервенираат, од куќата излегле двајца насилници кои ги нападнале со секира. За среќа, полицајците поминале со полесни повреди.
ОД охридската полиција инфомираат дека насилниците се приведени.
27.10.2013 - 10:21