Милион долари за 24 часа: Девојка го сруши рекордот на 18+ страници веднаш штом го отвори профилот
Поранешната ѕвезда на Дизни Бела Торн го сруши рекордот на страницата „OnlyFans“ откако заработи повеќе од милион долари за 24 часа откако го отвори профилот на таа 18+ платформа.
22-годишната Бела минатата недела најави дека ќе се приклучи на платформата објавувајќи снимка на Инстаграм во која позира во бели бикини и со огрлина на вратот на која пишува „секс“.
Таа најави дека платформата ќе ја користи за хуманитарни акции, но и за правење на својот нов филм на кој соработува со Шон Бејкер.
Засега на нејзиниот профил се наоѓаат неколку сугестивни фотографии како една на која јаде хот-дог, но нема ништо експлицитно. Во анкетата која ја понудила на своите фанови тие имале желба со такво барање, но останува да се види актерката ќе ја исполни таа желба. Таа, пак, вели дека засега се надева оти платформата ќе ја искористи за лично да се поврзе со фановите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа