Трогателна приказна: Дуле криел од сопругата дека боледува од рак
Дуле Љубисављевиќ криел од сопругата дека боледува од рак. Потресната приказна за весникот Вест ја раскажува токму Љупка, која вели дека за тоа дознала, дури откако почина.
„Со Дуле бевме да даде крв, во средата, на 18 септември, а почина на 23 септември, во понеделникот. Правеше тумор тестови. Прво не сакаа да му ги направат, немаше сини картони, и до петокот некако средил да дојде до резултатот, со кој открил дека има канцер на дебелото црево. Мене ништо не ми кажа. Им спомнал на неколку пријатели, кои ме известија по неговата смрт. Сите биле предупредени дека не смеат да ми кажат, ги преколнувал. Не можел да ме гледа како се нервирам. Тие денови плачеше нонстоп. Ќе го прашав: „Погледни ме в очи и кажи ми што размислуваш“, а тој ќе ме погледнеше и велеше: „Плачам од среќа, многу сум среќен со тебе и со Илијана. Ова ми е најубавиот дел од мојот живот. Првпат почувствував што е семејство“, вели Љупка раскажувајќиза последните денови од заедничкиот живот со Дуле, кој на Токсикологија во Скопје беше примен доцна вечерта на 21 септември. а почина 2 дена подоцна.
Повеќе во електронското издание на весникот Вест.