Червар: Металург е семејство - нормално е да има проблеми

 

На денешната прес-конференција на ракометниот клуб Металург пред дуелот од СЕХА лигата  беше искористена и за актуелната состојба со голманот Дарко Станиќ, кој е суспендиран од клубот.

- На Станиќ никој не може да му го одземе придонесот за резултатите што ги има постигнато за клубот, исто како и на другите играчи. Но, не е демагогија кога велам дека тимот е најдобар играч. Мислам дека Металург сакаат да се претстави како случаен клуб. Металург не е тоа. Металург е семејство, а како и во секое семејство така и кај нас има проблеми. Но, проблемите се да се решаваат, изјави Лино Червар, тренерот на ракометниот клуб Металург.

Станиќ тренира со тимот и дека тој во текот на следната недела ќе биде со својата репрезентација Србија во рамките на „неделата на ЕХФ“.

24.10.2013 - 16:39
Фото: 
охридњуз

најчитано сега