Стоилковски до Димитров: Иди дели си летоци, глуми си „активист”, и така никогаш не си ни бил повеќе

Ники, Никола Димитров идентитетот Бетон а? Од трчање во противзаконска партиска кампања измеша се’, националност, нација, етничка група, државјанство, држава, напиша портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски до министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Ники, Националност претставува Држава, не етничка група. Или како велиш “етнички идентитет”. Тоа ти го збореа сите пред да ја потпишеш капитулацијата. Затоа сега се објаснуваш за коси црти и “државјанин” под графа националност.
Просто е, кога игра француска репрезентација, јасно е дека играат Французи, а не етнички групи со државјанство на Франција од кои е составена репрезентацијата.
Тоа го вели здравата логика и затоа сега се јавуваш, “фаќаш врски” се молиш да сменат.
Ама џабе ти објаснувам, знаеш ти што стори и како дојдовме до тука.
Иди дели си летоци, глуми си “активист”. И така никогаш не си ни бил повеќе, напиша на Фејсбук, Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега