Непречистени 72.2 % од испуштените води минатата година

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 293 191 илјада м3 вода за снабдување, што е за 2.3 % помалку во однос на  2022 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.4 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2023 година било за 0.9 % помалку во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 68.9 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод.

Вкупното количество отпадни води во 2023 година било за 0.4 % помало во однос на 2022 година.

Од вкупното количество испуштени води во 2023 година, непречистени биле 72.2 %, а пречистени 27.8 % од отпадните води

24.06.2024 - 18:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега