СДСМ: Собранието во законски предвидениот рок да распише конкурс за претседател на ДИК
СДСМ денеска изјавија дека очекуваат во законски предвидениот рок Собранието на Република Македонија да распише Конкурс за избор на претседател на ДИК.
- По истекот на предвидениот рок од 8 дена од Конкурсот, а врз основа на извршените консултацииСоцијалдемократскиот сојуз на Македонија, ќе му предложи на Собранието на Република Македонија нов член на ДИК кој во целост ќе ги исполнува потребните професионални критериуми, велат од СДСМ.
22.10.2013 - 15:58