ВМРО-ДПМНЕ: Заев лобира на лидерската средба брзи избори на штета на здравјето на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ алармира дека со резерва треба да се земат во предвид лажните информации од СДСМ и нивните брифери кои сакаат Зоран Заев да го прикажат во лажно светло, се вели во соопштението на партијата

„Факт е дека Зоран Заев борејќи се за потесен пораз лобира на лидерската средба брзи избори на штета на здравјето на граѓаните.

Зоран Заев е изолиран во својата намера да организира брзи избори на штета на здравјето на граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ е најважно здравјето на граѓаните, а потоа слободни, фер и кредибилни избори на кој Зоран Заев ќе го доживее најтешкиот дебакл во својата политичка кариера.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски предложи конкретен план во 4 чекори со кој ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе се одржат избори. Се друго е манипулација брифирана од СДСМ и Власта“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега