Вардар не ја дава титулата

 

Шампионот Вардар освои три бода во еден од двата попладневни натпревара со кои се комплетира 28.круг во Првата македонска фудбалска лига и со тоа не му дозволи на лидерот Турново да се одлепи на врвот на табелата.
 
До победата од 3:0 над Тетекс на натпреварот одигран во скопската населба Ѓорче Петров „црвено-црните“ дојдоа со головите на Јован Костовски (5. и 86.минута) и Мите Цикарски (66).
 
Со оваа победа Вардар ја врати разликата на само еден бод во однос на водечкиот Хоризонт Турново, додека Тетекс остана само на теоретски шанси за опстанок во лигата.
 
На вториот денешен дуел немаше победник. Во Тетово, домашната Шкендија и Металург одиграа 1:1.

Горан Драговиќ во 8.минута му донесе водство на Металург, а изедначи Гелбрим Таипи во 52.минута
 
Постигнати резултати на другите натпревари од оваа рунда кои се одиграа во саботата: Напредок - Работнички 0:2, Силекс - Брегалница 0:1, Дрита - Пелистер 2:0 и Ренова - Хоризонт Турново 0:2.
 
Табела: Хоризонт Турново 56 бодови, Вардар 55, Металург 52, Шкендија 43, Работнички 43, Ренова 38, Брегалница 37, Напредок 37, Пелистер 30, Дрита 30, Тетекс 21 и Силекс 19

ФОТО: Утрински

најчитано сега