ВМРО-ДПМНЕ: Ако продолжат со клеветите за Јанкулоска СДСМ ќе треба да ги докажат на суд
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавата на СДСМ за Гордана Јанкулоска.
- Ги повикуваме државната комисија за спречување на корупција, УЈП и судските органи, што поскоро да се произнесат за случајот на клевети против госпоѓата Гордана Јанкуловска за да престане злоупотребувањето на овој случај од страна на СДСМ. За тој случај како и за сите останати ги повикуваме да постапуваат според законите. Ние сме сигурни во тврдењата на госпоѓата Јанкуловска, токму затоа господинот Шилегов за своите тврдења ќе треба да ги докаже на суд.
СДСМ немајќи што да прави како опозиција користи исти случаи кои ги врти долго време за манипулирање со граѓаните и пласирање лаги и невистини, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
21.10.2013 - 16:04