Вељановски во дводневна посета на Ирска
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски од утре престојува во прва официјална посета на Ирска.
Дводневната официјална посета на Ирска се остварува на покана на претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска Шон Берет. Во состав на собраниската делегација предводена од претседателот Вељаноски се и пратениците Александар Николоски, Неџати Јакупи и Панче Орцев.
Вељаноски покрај средбата со домаќинот, претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска Шон Берет, ќе оствари средба и со претседателот на Ирска Мајкл Д. Хигинс, министерот за европски прашања Лусинда Креитон, средба со Заедничката комисија на Парламентот за европски прашања, средба со Ирско-македонската група за пријателство, како и средба со претставници на Македонската заедница во Ирска.