СДСМ: Стариот театар ги чини граѓаните 39 милиони евра
Опозициската СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека објектот „Стар театар“ за кој првично беше најавено дека ќе чини шест милиони евра , ги чини граѓаните 39 милиони евра.
- Според податоците достапни од Бирото за јавни набавки, за овој објект, освен основниот договор склучени се дополнителни 40 договори, или анекс на договор во вредност од над 33 милиони евра. Ако се погледне за што се склучени овие 40 договори и анекси, испаѓа власта сакала да прави театар ама не предвидела во тој театар да има мебел, ентериерна опрема, осветлување, завеси за сценскиот простор, градежно занаетчиски работи, хидротехнички работи..., рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на денешната прес-конференција.
Шпилегов побара одговори од министерката Канческа-Милевска.