Заменик-министерот за здравство во работна посета на Берлин
Делегација од Министерството за здравство, предводена од заменик-министерот Јовица Андовски, од вчера e во дводневна работна посета на Министерството за здравство во Берлин, а целта на посетата е да се разменат искуства и знаења меѓу Македонија и Германија.
Во рамки на делегацијата се директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети, д -р Јованка Костовска раководител на сектор во МЗ, д-р Михаил Кочубовски, раководител на сектор во Институтот за јавно здравје, д-р Жарко Караџовски, началник на оддел во Институтот за јавно здравје и Маргарита Спасеновска од Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.
- Посетата е организирана со цел размена на искуства меѓу Македонија и Германија, како земја-членка на Европска Унија која има големо искуство и капацитети посветени за имплементација на одредбите од Меѓународниот здравствен правилник, информира Министерството за здравство.
Од германското министерството за здравство, биле презентирани нивните искуства и предизвиции информирале дека годинава е донесен Закон за имплементација на меѓународниот здравствен правилник со цел координација на постојните институции и претставува чадор-регулатива за другите закони за координирање на известувањата од другите релевантни министерства и институции до СЗО.