СКАНДАЛ: Тендерите во Струмица извор за финансирање на СДСМ?
За да го видите регистарот кликнете тука
Според официјалниот документ - “Регистар на добиени донации“ за период од 01.01.2011 до 31.12.2011 година, заверен со архивски печат од СДСМ, јасно може да се забележи дека првиот братучед на Зоран Заев, Трајче Заев на ден 25.05.2011 година донира средства во вредност од 300.000 денари, синот на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова, Зоран Иванов исто така на ден 25.05.2011 година донира средства во вредност од 300.000 денари, како и фирмата на снаата на Зоран Заев, ЕВА СТАИЛ исто така донира средства на ден 29.12.2011 година во вредност од 3000 денари, пишува Курир
Сите овие донации завршуваат на сметката на СДСМ.
Сето ова, не би било спорно и сомнително, доколку истите овие субјекти не добиле огромни средства од Општина Струмица и нејзините институции преку претхопдно склучените договори за јавни набавки.