Нов бран во ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Македонија која започна со континуиран политички процес на кадровско освежување наречен Нов Бран. Дотолку позначајно е што ваквиот процес на реформи и постојана надградба ВМРО-ДПМНЕ ја спроведува во период кога ја има одговорноста да управува со државата.
Ова покажува дека ВМРО–ДПМНЕ е партија која има и храброст и капацитет постојано да се менува, да се подобрува, се во насока на одговор на потребите и барањата на граѓаните како наше основно начело во работата.
Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да ја согледа успешноста на работата на функионерите кои беа именувани и врз основа на тоа да донесе одлука за промени во одредени области. Смените на досегашните функционери беа резултат на нивната неможноста да одговорат на темпото на работа на ВМРО-ДПМНЕ и на одредени објективни слабости или недоволна посветена работа, што е во целосна спротивност на основните принципи на делување на партијата.
За таа цел ВМРО-ДПМНЕ продолжи со замена на своите функционери во оние сегменти во кои се покажа дека постои простор за поголем успех и поголем ангажман. Со последните одлуки на ВМРО-ДПМНЕ нови освежувања и кадровски промени ќе следат на следните раководни позиции:
- директор на Водостопанство Берово,
- раководител на подрачно одделение на Министерство за правда во Валандово,
- раководител на Центарот за социјална работа во Валандово,
- раководител на подрачно одделение на Центарот за управување со кризи во Валандово,
- раководител на подрачно одделение на Агенција за потикнување на развој на земјоделство во Валандово,
- директор на Центар за култура „25 Мај“ во Валандово,
- раководител на подрачно одделение на Агенција за катастар во Демир Хисар,
- директор на Јавно комунално претпријатие “Клепа” во Градско,
- директор на Јавно претпријатие за комунални дејности Облешево,
- директор на јавно претпријатие за комунални дејности“Турија” во Василево,
- директор на сектор водовод во ЈП Водовод Скопје,
- директор на сектор – Механизација во ЈП Водовод Скопје,
- раководител на подрачно одделение на Фонд за здравство во Струмица,
- раководител на шумска полиција во Струмица,
- раководител на подрачно одделение на Агенција за вработување во Велес,
- директор на спортски центар „Младост“ Неготино,
- раководител на подрачно одделение на Државен пазарен инспекторат Охрид,
- раководител на Управа за имотно-правни работи Охрид,
- директор на ЈКП Комуналец, Кисела Вода,
Сите овие луѓе дадоа придонес со својот ангажман во работата на ВМРО-ДПМНЕ, но и понатаму со својот личен и професионален капацитет остануваат потребни за партијата.
Овие доскорешни функционери и сите претходни кои беа опфатени со новиот бран дадоа огромен придонес во реализацијата на над 2000 мерки, проекти и реформи кои ги превзеде ВМРО-ДПМНЕ во минатото, буквално во секоја сфера во општеството во Македонија.
Ваквата работа на ВМРО-ДПМНЕ за кадровкса обнова е во правец на продолжување на успехот со несмален интензитет, но истовремено надминување на сопствените грешки, се со цел постигнување на уште подобри резултати во континуираните промени и реформи. Со тоа истовремено се гарантира и продолжување на чесниот, отчетниот и работливиот пристап, но и отвореноста во работата на ВМРО-ДПМНЕ
Впрочем граѓаните го препознаваат и го поздравуваат овој пристап и принцип на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи еден од аспектите на Новиот Бран е обезбедување на можност секој од нив активно да се приклучи кон партијата и да аплицира на јавните конкурси за испразнетите раководни места во институциите.
(Интегрален текст од прес-конференција на Никола Тодоров член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ)