Исчезна Борис Кондарко

 

По најавата на Заев дека најверојатно ќе си поднесе оставка, од Борис Кондарко ниту трага ниту глас.
Втор ден по најавата на неговиот лидер, првиот човек на ДИК молчи и не излегува со никаква изјава во јавноста. Безуспешно заврши и обидот на Press24 телефонски да го исконтактира и да добие некаква изјава.
Борис Кондарко на чело на ДИК дојде во 2011 откако тогашниот лидер на СДСМ го повлече Александар Новаковски, во намера да ги одложи изборите. Тогаш Новаковски рече дека се повлекува бидејќи го загубил авторитетот иако беше јасно дека оставката зад себе ја носеше намерата на Црвенковски да ги пролонгира тогаш веќе најавените предвремени парламентарни избори.
Најавата на Заев го подготвува теренот за слично сценарио, иако до претседателските избори, за кога се очекува да се одржат и предвремени парламентарни избори има уште половина година. Дали Кондарко ќе се оправда со повлекување од „лични причини“ или пак од фактот дека во ДИК нема мнозинство останува да видиме.
Во меѓувреме, силни критики на негова сметка испрати екс претседатело на ДИК, Александар Новаковски, кој рече дека Кондарко е пасивен.
„Порано во ДИК имавме проблем со капацитетот на луѓе. За разлика од времето кога јас бев претседател, сега оваа институција има служба која е на ниво на едно од поголемите министерства. Точно е дека мнозинството го има позицијата. Но, точно е и дека ДИК има свој Секретаријат со врвни професионалци, тоа одговорно го тврдам. Освен тоа во 34 подрачни единици се вработени дури 120 лица. Претседателот е тој што сето тоа треба да го координира. Ако некој го спречува, или, пак има проблем со останатите институции кои се вклучени конкретно во процесот со списокот, тоа треба јавно да каже, а не откако ќе биде повикан“, вели Новаковски за Утрински.

 

 

17.10.2013 - 13:24

најчитано сега