Еве во чии раце оди наградата „23 Октомври“
Државната награда „23 Октомври“ за 2013 година во областа на културата и уметноста, им се доделува на оперскиот уметник Ана Дурловски, писателите Џабир Ахмети и Михаил Ренџов и на ликовниот уметник Ставре Димитров-Стадим.
Според информациите од Министерството за култура, на добитниците ќе им биде врачена наградата на 23 октомври напладне во македонското Собрание.
Оваа награда е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Македонија.
17.10.2013 - 10:29