Русија и предаде на Украина тела на 1000 украински војници

 

Русија предаде уште 1.000 тела на војници од украинските вооружени сили на Украина како дел од Истанбулските договори, изјави денес шефот на руската делегација на преговорите со Украина, Владимир Медински.

„Во продолжение на исполнувањето на обврските од Истанбулските договори, денес во Украина беа префрлени уште 1.000 тела на војници од украинските вооружени сили“, рече Медински, додавајќи дека Русија ги прими телата на 19 свои војници од украинската страна, пренесува РИА Новости.

Во мај, Русија и Украина одржаа две рунди директни преговори во Истанбул, за прв пат по три години.

17.07.2025 - 22:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега