ФОТО: Гарсија доби конкуренција- Мексиканската Барбика ја засени познатата водителка за временска прогноза
Мексиканската водителка Џанет Гарсија позната како најсексипилната водителка на временска прогноза во светот, дигна раце од таа професија на некое време.
Всушност, оваа заносна бринета планира да се пресели во Америка за таму да го започне заедничкиот живот со својот дечко Луис Ховс, некогашниот рагбист и бизнисмен.
Но, вработените во мексиканската телевизија не губеа време, па изгледа дека веќе ѝ најдоа еднакво интригантна замена, а станува збор за моделот Алеири Авендано.
Оваа 29-годишна девојка позната е и како „латинската Барбика“, поради својата вретенаста фигура и специфичен изгледза кој се заслужни бројните естетски корекции.
Оваа Венецуелка имала дури 38 пластични операции во животот, а за тоа збори без никаков проблем.
17.01.2020 - 21:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа