Митревски: Натпреварите се добиваат со добра одбрана- можеме да ги победиме

Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски ветува дека тој и неговите репрезентативни колеги ќе одговорат на дефанзивните задачи што е предуслов да се дојде до посакуваната победа над Австрија во 3. коло од Групата Б на Европското првенство.

-Натпреварите се добиваат со добра одбрана. Можеме да ги спуштиме нивните бекови на петнаесетина погодоци, а доколку ги затвориме страничните играчи и нивните пикери, можеме да ги победиме. Со евентуална победа со два-три разлика ќе го анулираме поразот од Чешка, истакна Митревски.

На македонската репрезентација за сигурен пласман и е потребна победа. Почетокот на натпреварот во „Штадхале“ во Виена е во 18 часот и 15 минути.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега