Ласовска: Во нормална држава, премиерот веднаш би побарал од градоначалникот на Лозово после скандалот да си понесе оставка

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, денешната прес-конференција ја започна со цитат:

„Јас сум дискриминирана од работниците. Немам право да зборувам со ниту еден. Немам ниту столче, ни кај да ја оставам јакната. Јакната ја оставам кај што ги чувам метлите и кофите. Решив да ја барам правдата по судски пат. Пред да одиме на суд, градоначалникот ги собра сите сведоци и им се закануваше. Јас лично го слушав како ги учи да лажат и да сведочат против мене само за да бидам избркана.“ Ова е цитат од Снежана Цветковска, хигиеничарка и кафекуварка која што 11 години работи во општина Лозово. Македонската јавност вчера беше згрозена од овој случај и од психичкото малтретирање, омаловажување и демонстрирање на моќ од страна на градоначалникот на СДСМ во Лозово Ацо Велковски. Вчера јавноста виде една беспомошна жена која што нема што повеќе да изгуби па реши храбро да ја каже тортурата низ која минува поради функционер на СДСМ. Да потсетам, ова е втор случај на овој функционер, кој јавно е обзнанен, а не е санкционира“, кажа Ласовска и додаде:

„Почитувана јавност, ова е само една жена од многуте која што трпи психичко насилство од функционери на оваа власт. Ги има многу и верувајте веќе не се плашат од оваа тиранска власт. Во нормална држава, премиерот веднаш би побарал од градоначалникот после ваков скандал да си понесе оставка и истиот ќе го осуди. Но, ова е Македонија каде што премиер е Зоран Заев, творецот на онаа познатата „Живи луѓе има да јадеме кога ќе дојдеме на власт. Ќе бркаме се од хигиеничарка до министер“. Тоа и се случува. Сакам да упатам една порака до сите жени како и до сите граѓани кои што биле и се жртви на оваа тиранија.  12 април е вашиот ден, 12 април е денот кога треба да ставите крај на овој мобинг, на оваа тортура и на ова робовладетелско владеење на СДСМ“, кажа Ласовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега