Завршија подводните истражувања на Врбник - еве што открија ареолозите

 

Стручните екипи на Музејот „д-р Никола Незлобински“ во Струга ги завршија подводните истражувања на локалитетот Врбник и открија  садови, чинии, складишна керамика, фрагменти од питоси, како и неколку бронзени игли кои датираат од 6 до 7 век пред нашата ера.

Сите достапни материјали и други научни податоци поврзани со истражувањата на локалитетот Врбник ќе бидат презентирани на посебна веб-страница за овој локалитет, која ќе биде промовирана кон средината на ноември годинава.

Инаку, во годишните истражувања се вклучија и млади дипломирани археолози со специјалност подводна археологија, а интерес пројавија и институции од странство кои работат исклучиво во сферата на подводната археологија.

15.10.2013 - 11:51
Фото: 
археологија.орг

најчитано сега