Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Во Собранието денеска продолжи расправата за ребалансот на буџетот за 2013 година. Поднесени се 57 амандмани и тоа само од пратеничката група на ДПА.

Пратениците требаше да се изјаснат и за амандманот со кој се бараат пари за изградба на уште еден мост на реката Црн Дрим во Струга. 

Јани Макрадули од СДСМ смета дека неправилно се распоредуваат средствата од буџетот и побара од Владата да го направи патот Свети Николе - Штип, каде што многу често се случуваат сообраќајни несреќи.

 

14.10.2013 - 14:53

најчитано сега