Комисијата за односи меѓу верските заедници го честита Курбан Бајрам

 

Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи им го честита Курбан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед.

- Почитуван Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, дозволете ми вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија да Ви упатам честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам. Искрено посакувајќи овој празник да биде уште една можност длабоко да ги искажеме чувствата на почит, хармонија, добра волја и соживот, се вели во честитката од претседателката на Комисијата Валентина Божиновска.

Комисијата за односи меѓу верски заедници додава дека се надева дека овој празник ќе донесе среќа, мир и добросостојба и ќе помине во духот на радоста, веселоста и солидарноста.

- Нека биде овој празник поттик за зачувување на нашите заеднички вредности, меѓусебното помагање и напор за светла иднина за сите нас, се истакнува во честитката. 

14.10.2013 - 12:25
Фото: 
А1.он

најчитано сега