Денеска ќе се дружиме со дождот

Времето во Македонија во текот на денешниот ден ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла по котлините, а попладне и кон крајот на денот ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, посебно во северниот дел на земјата.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13 степени, а дневната од 18 до 27 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност и слаба магла претпладне, а попладне  и кон крајот на денот ќе има краткотраен пороен дожд. Температура ќе достигне до 24 степени. 

14.10.2013 - 09:00

најчитано сега