Владата продолжува со мерките за вработување - 300 педагози и психолози ќе добијат работа

Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска објави дека во средните училишта ќе се вработат 294 психолози и педагози.

- Констатирано е дека има недостиг на педагози и психолози во средните училишта. Предвидено е да се примат вкупно 294 лица во две-три фази. Конкурсот наскоро треба да се објави и првата група од најмалку 70 лица треба да биде примена до крајот на оваа година. Втората група ќе биде во следната година, а третата најдоцна до 2015 година, рече Груевски. 

Така ќе се  реализира замислата да се комплетираат  скоро 300 педагози и психолози кои треба да се вклучат во образовниот систем. - Станува збор за една сериозна бројка која ќе биде реализирана и тоа е еден од чекорите на Владата за подобрување на квалитетот на образовниот систем и помагање на младите да израснат со максимална помош, поддршка на сите оние лица на коишто би можеле да им помогнат, истакна премиерот Груевски.

13.10.2013 - 15:09

најчитано сега