За да се одбрани од змија по грешка пукал кон себе - ловџија од Гевгелија го загуби животот
Денеска околу 13 часот во близина на браната во атарот на селото Габрово во Гевгелија, се случила трагедија кога 58-годишниот Ванчо Г. кој бил на лов заедно со други ловџии, на земјата забележал змија при што ја удрил со кундакот од својата пушка за да ја усмрти, но пушката во тој момент пукнала кон него при што тој бил погоден и за жал починал на местото на настанот.
Полицијата врши увид.
12.10.2013 - 15:18