Груевски ја пушти во употреба новата зграда на Јавното обвинителство
Денеска претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, ја пушти во употреба новата зграда на Јавното обвинителство.
Се работи за објект во кој ќе бидат сместени Основното и Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија, вреден 13 милиони евра.
- Со изградбата на зградата институциите кои ќе бидат сместени нема да плаќаат големи кирии за сместување во туѓи простории. Јавните обвинители како највисоки носители на јавната дејност нема повеќе да работат по двајца или тројца во иста канцеларија, а нуди современи и модерни услови за навремено и ефикасно водење на кривичната постапка, рече Груевски.
Инаку, новата зграда располага со четири соби за препознавање и за сослушување, две конференциски сали, место во кое адвокатите ќе може да имаат средби со клиентите, ресторан и кафе-бар за вработените, што според македонскиот премиер ќе овозможи посигурна и поефикасна работа.