Мицевски: Не бараме повеќе, само да си ја работите работата за која сте седнати на фотељите

Општина Штип, ЈП Исар се слушаме ли???
Ова се реакции од граѓаните на “Блок 77” , не бараме повеќе само да си ја работите работата за која сте седнати на фотељите…
Реакцијата на жителите ви ја праќам интегрално.

Првата слика е од пред неколку години кога игралиштето функционираше. Втората слика е од пред неколку часа. Разликите се евидентни, неработењето е очигледно. Граѓаните имаат право на здрава околина, на уредни тревни површини, имаат право и на места каде можат да рекреираат. Овие „услови“, за жал, ги нема во Блок 77. И покрај претходните реакции на 25.07.2019, тревните површини останаа какви што беа. Дали е неспособност или незаинтересираност во прашање, е сеедно. И во двата случаи, граѓаните се оштетени. Ова е еклатантен пример како не треба и не смее да се „работи“., напиша на својот Фејсбук профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега