СДСМ: ВМРО само грабаа затоа се против поврат на ДДВ

ВМРО – ДПМНЕ уште еднаш покажа дека нејзина единствена цел  е да штити криминал, да ги зема парите од граѓаните за да завршуваат во џебовите на неколкумина од врвот на партијата. Ова го велат денеска од СДСМ.

 - ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка за враќање на парите кај граѓаните и обезбедување на подобри услови за живот и повисок стандард. Истовремено, политиките и мерките на СДСМ за зголемување на животниот стандард даваат реални и видливи резултати. Како дел од сетот мерки преку кои парите се враќаат кај граѓаните, проектот МојДДВ, ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува сивата економија. Само во првиот квартал од реализацијата на проектот повратот на ДДВ изнесува над 3 милиони евра, велат од владејачката партија.

 

 Граѓаните ја чувствуваат разликата. Додека ВМРО-ДПМНЕ со години земаше од граѓаните, СДСМ како одговорна партија креира политика и спроведува мерки за подобрување на животниот стандард на секое семејство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега