СДСМ: Ги враќаме парите - над 3 милиони евра кај граѓаните

Концептот Парите кај граѓаните како еден од столбовите на Програмата на СДСМ, дава реални и видливи резултати. Ова го велат денеска од СДСМ.

 - Како дел од сетот мерки преку кои парите се враќаат кај граѓаните, проектот МојДДВ, покажува дека  досегашната реализацијата ги исполнува целите за кои е наменета. Ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува сивата економија. Само во првиот квартал од реализацијата на проектот повратот на ДДВ изнесува над 3 милиони евра, а апликацијата „Мој ДДВ“  има над 170.000 регистрирани корисници. Со оваа мерка за првпат државата ќе враќа пари директно кај граѓаните, а средствата од повратот остварен во јули, август и септември ќе бидат исплатени до крајот на декември оваа година. По исплатата во декември, на секои три месеци ќе следува нова тромесечна исплата, велат СДСМ.

 

 Додаваат дека СДСМ продолжува посветено да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, преку реализација на мерки и реформи преку кои парите се враќаат директно кај граѓаните.

 За нас зборот важи!, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега