ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема капацитет да ги запре негативните политики

СДСМ пропаѓа. Се послабиот рејтинг е јасен показател дека расипништвото, корумпираноста и неспособноста на Заев се прочитани. На граѓаните им е преку глава од лошите политики, стагнацијата во економијата, руинираното здравство, закржлавеното образование, запуштеното земјоделство, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните му веруваат на ВМРО, како единствена алтернатива која ќе ја извлече државата од апатијата во која не внесе Зоран Заев. Рапидното задолжување мора веднаш да запре. Недозволиво е Македонија да има над 5.3 милијарди евра јавен долг, а во исто време да бележиме пад на инвестициите и катастрофална реализација на капиталните инвестиции. 28% капитални инвестиции за 2/3 од годината е одлика на неработа, безидејност и некадарност. Немањето на откуп за земјоделските производи, ниските  цени и лошата земјоделска политика резултираа со буништа полни со земјоделски производи, земјоделци во тага и изнемоштеност. СДСМ нема капацитет да ги запре негативните политики, ниту кредибилитет повторно да бара поддршка, да лаже и да ветува. Единствен начин државата да се исправи  на вистинскиот пат е пад на Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека СДСМ паѓа и назад нема. Доаѓа време за обнова на Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега