Стоилковски: Заев од позиција на премиер директно управува со ЈО

Македонија сведочи на директно признавање дека спротивно на сите законитости, Зоран Заев со месеци однапред знае што ќе работи и што би можело да работи ЈО-от систем во Република Македонија, рече денеска на прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев без никакви стеги изјави дека знаел дека се води истрага, владата знаела бидејќи ОЈО ја известило. По вакво признание, по ваква наметната нормалност, невозможна е борбата со високата корупција. По ваквата изјава јасна е сликата за октоподот на државната мафија. По ваквата изјава невозможна е верба во правниот систем на Република Македонија.

Зоран Заев ја потврди спрегата на октоподот, Зоран Заев ја потврди спрегата на извршната и јавнообвинителската власт. Високата корупција подразбира корупција во која се вклучени избрани и именувани функционери. Според Заев, Јовески и Русковска го информираат Заев дури и пред да се започнат истраги. Сега се јасни пораките „Многу си го обрал друже“ или пак изјавата на Заев дека „блокирал одредени истражни дејствија за двајца функционери“, односно ги спасил од соочување со правото. Признанието на Заев вчера всушност значи дека тој знае за сите постапки на обвинителството, ги спречува или ги форсира во зависност од потребите на октоподот на државната мафија.

Зоран Заев вчера призна дека наводите во кривичната пријава против Ден Дончев и Венко Филипче се вистинити, Зоран Заев вчера призна дека се познавал и имал состаноци со Зоран Милески Кичеец, Зоран Заев вчера се обиде да го оправда „Рекет 2“, да ги заштити Ден Дончев и Венко Филипче, и тие да останат на своите позиции.

По признанијата на Заев излишни се одговорите, дали и кого се’ штити Заев за „Леонардо“, за „Тополки“, за „Рекет 1“, за „Рекет 2“, за крвави тендери, за сите скандали од високата корупција, за сите рекети, за сите месечни транши до благајник со брада во Струмица?

Октоподот на власт со Зоран Заев, наспроти сите партиски декларации, нема намера да расчисти со високата корупција. Зоран Заев вчера застана со Ден Дончев и со Венко Филипче, покажа политичка заштита врз двајцата среде отворен процес по поднесена кривична пријава. Можеби прашање на ден е кога Заев би признал дека истрагата за „Рекет 1“ ја сопрел кај Катица, Кичеец и Боки Тредичи.

Признанието на Заев е продолжение на октоподот да се сопре борбата против високата корупција и да се сопрат информациите за високата корупција и вмешаноста на октоподот во нив. Признанието на Заев за „Рекет 2“ се надоврзува на срамната истрага за „Рекет 1“, за забошотувањето на истрагите за „Леонардо“ и за сите други коруптивни скандали на октоподот на власта. Ваквата состојба е неподнослива, државата не може да функционира без спроведување на правото, да функционира како картел на октоподот на власт. Потребни се итни избори, избори за обнова на Македонија и конечно понесување на одговорност за севкупната девастација на Република Македонија“ рече денеска Стоилковски на прес конференција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2019 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега