ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните во огромно мнозинство застануваат зад нас и политиките за обнова на Македонија

Граѓаните во огромно мнозинство застануваат зад ВМРО-ДПМНЕ и политиките за обнова на Македонија, велат преку соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

 Од партијата велат дека со 6% предност ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ и деструктивните политики на власта.

 „Криминалот, корупцијата и рекетот кои во изинативе три години го тиштат македонскиот граѓанин, заедно со националното предавство, се причините поради кои граѓаните бараат промени.

 Криминалните политики на власта значат 28% реализирани капитални инвестиции за цели 8 месеци, запирање на градбата на клиничките центри во Скопје и Штип, нула километри нов автопат, универзитети со изгубена репутација, разочарани земјоделци. Затоа Заев бега од избори и се моли тие да не бидат на пролет.

 Зоран Заев е исплашен затоа што знае дека одамна ја има изгубено поддршката од граѓаните.

 СДСМ направи огромна штета за државата. Со СДСМ Македонија може да продолжи само да тоне. На Македонија и треба нов почеток. На Македонија и треба обнова.

На претстојните парламентарни избори СДСМ ќе го добие одговорот на граѓаните кои во се поголеми бројки застануваат зад  ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2019 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега