ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните својот гнев ќе го искажат на следните избори

Крајно време е власта да престане да шири лажни вести, да ги лаже и манипулира македонските граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Благој Бочварски од СДСМ кој кажа дека за разлика од претходната власт, актуелната ги решава суштинските проблеми на граѓаните.

„Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев наместо во интерес на граѓаните работи за своите лични теснопартиски и бизнис интереси преку криминал, уцени, рекет и притисоци“, сметаат од опозициската партија.

Доволен доказ за ова е, како што велат, катастрофалната и срамна реализација на капиталните инвестиции од 20 проценти за првата половина од 2019 година.

„Да потсетиме дека СДСМ најавуваше дека оваа година ќе биде економска, а граѓаните добија рекетарска година во која гледаме како луѓе блиски до власта се шетаат со ‘Луј Витон’ чанти полни со милиони евра украдени пари“, се наведува во паритската реакција во која се додава дека недостасуваат нови проекти и нема изградба на училишта, градинки и болници.

„Изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп не само што е стопирана туку граѓаните ќе треба да платат неверојатни 100 милиони евра оштета на компанијата изведувач поради раскинување на договорите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и порачуваат дека на следните парламентарни избори граѓаните ќе му кажат „доста“ на Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2019 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега