Бочварски: Наместо да плаќаме за лажен барок, решаваме суштински проблеми на граѓаните

Наместо на стиропор, лажен барок и споменици, на што ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните, ние парите ги инвестираме за да ги решиме егзистенцијалните и суштински потреби на граѓаните, рече на прес-конференција, Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

„Инвестираме како во надземна инфраструктура и обезбедување на сигурни и безбедни улици и патишта, така и во подземна инфраструктура, во водоводни и канализациски мрежи. Низ територијата на целата држава, изградени се преку 400 километри водоводи и канализации, од кои само преку владини програми околу 250 километри, а останатите се од средства на локалните самоуправи“, посочи Бочварски.

Додаде дека досега во употреба се пуштени пречистителни станици за отпадни води во Гевгелија, Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп и Кочани и дека во наредниот период следува изградба во уште 4 општини.

„Се гради насекаде, како никогаш досега, се решаваат проблемите на граѓаните кои со децении биле игнорирани“, констатираше претставникот на владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2019 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега