ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија со СДСМ го допре дното

Македонската економија со СДСМ го допре дното. Парите наместо да завршуваат кај граѓаните, тие завршуваат во џебовите на Заев и врхушката на СДСМ, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Власта ги зголеми даноците, ја зголеми акцизата на горивата и секојдневно им ги зголемува давачките на граѓаните, со што уште повеќе ги осиромашува.

СДСМ придонесе да има над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата, а долгот на државата вртоглаво расте и ја надмина психолошката граница 5 милијарди евра, односно над 50% од БДП.

Заев со неговата Влада немаат намера да донесат подобар стандард за граѓаните и подобра економија за Република Македонија.

Поради тоа неопходни се предвремени парламентарни избори за што побрзо оваа власт си замине и започне обновата на Македонија.“, се наведува во реакцијата на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2019 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега