Лашкоска и Костадинов се скараа за тоа дали постоел амандман за нова опашка за бикот

Двајца пратеници од власта и опозицијата се скараа за тоа дали имало или не амандман за добивање средства за нова опашка за бикот на улица Македонија. 

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска поднела амандман на ребалансот на Буџетот за 2019 година со кој бара пренамена на 100.000 денари за бикот кој се наоѓа на улица Македонија, да добие нова опашка, пишува на Фејсбук пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.

Амандманот кој го објави портпаролот и пратеник на СДСМ, Коста Костадинов со кој пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ побарала 100 илјади денари за нова опашка за споменикот – бик, кој е поставен на улица Македонија е непостоечки. 

Поминаа 9 дена од расправата за ребаланс на буџет и веќе помислив оти провокацијата пропадна, пишува таа на Фејсбук, но и порача дека за власта ова е последен ребаланс. 

Опашката на бикот, дело на авторот Дарко Дуковски, беше скршена лани во ноември, а тогаш од Музејот на современа уметност кажаа дека ќе биде поправена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2019 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега